Школа за активно граѓанство

Претставник на Центарот за истражување, меѓугранична соработка и развој учествува на Школата за активно граѓанство, која е дел одПроектот на УСАИД за граѓанско општество спроведен од Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документацијаЦентар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

Школата се состои од три модули обуки во текот на 2014 година. Првиот модул се одржа од 14-16 Март, вториот ќе се одржи од 9-11 Мај, а третиот е предвиден за во јуни.

Првиот модул е воведен и тој има за цел да ги запознае учесниците со основните поими и алатки потребни за активно граѓанско учество. Вториот модул ќе биде насочен кон усвојување и развивање практични алатки поврзани со: Односи со јавноста и со властите како дел од граѓанскиот активизам; Комуникација со медиумите; Говорнички вештини. Третиот модул е еднодневна средба каде учесниците ќе имаат прилика да ги споделат стекнатите искуства со првата, втората, третата и четвртата група учесници во Школата за активно граѓанство.

Повеќе информации за проектот се достапни на следниот линк: http://www.forum-csrd.org.mk/usaid.html

 

Advertisement