Од 28 до 30 Април 2014, Центарот за истражување, меѓугранична соработка и развој од Скопје, како дел од невладиниот сектор, учествуваше со свој претставник на првиот модул на Академијата за Лидерство организирана од страна на Меѓународната Фондација „Balkan Net” и Националната асоцијација на општинските службеници во Бугарија (NAMCB), финансирано од Фондацијата Hanns Seidel.
Главните цели на работилниците беа:
1. Стекнување на знаења и примена на ефективни алатки за справување со предизвиците со кои се соочува локалната власт
2. Надградба на локалната власт за да може да се соочи со предизвиците (креирање на поефектна и поспособна институција)
3. Обезбедување на висок квалитет на услугите, добро раководење и развој на заедницата
4. Зајакнување на лидерскиот пристап на учесниците
5. Размена на искуства со етаблирани локални лидери (градоначалници, општински персонал, претставници од невладиниот сектор и сл.)
Повеќе информации за програмата како и за следните модули на академијата се достапни на следниот линк: http://www.namcb-org.bg/