Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Универзитетот “Евро-Балкан” Скопје,петте верски заедници и нашиот европски тинк-тенк партнер “Вилфрид Мартенс Центарот за Европски Студии” организираат летна школа насловена:
“Религија, Етничка припадност и Национализам”, во периодот помеѓу 15-19 септември 2014 во Скопје, Р. Македонија
Главната цел на летната школа е да придонесе во надминување на статус кво ситуацијата во однос на верските, националните и културните разлики помеѓу академската младина во Република Македонија. Истовремено, ќе се зголеми јавната свест за улогата, значењето и функцијата на различните културни профили во услови на општествена, интеркултурна и демократска реалност во земјата.
Целна група на овој семинар се млади академци на возраст помеѓу 18-28 години, кои се заинтересирани за темата и се студенти на додипломски или последипломски студии на Православниот Богословски факултет, Факултетот за исламски науки, како и од факултети на кои се изучуваат општествени науки (филозофски, филолошки правни и политички науки, новинарство и слично).
Преку предавања, отворени дебати, работилници, студиски посети на верски објекти и непосредни контакти, учесниците ќе бидат обезбедени со редок интердисциплинарен пристап на изучување и истражување на комплексните проблеми со кои се соочува земјата, со посебен акцент на прашањата кои се однесуваат на стабилноста и одржливоста на меѓуетничкиот и меѓурелигиозниот дијалог во земјата.
Сите трошоци поврзани со летната школа се покриени од страна на организаторите. Дополнително, за учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат покриени и трошоците за превоз и сместување.
За да аплицирате пополнете ја апликацијата (достапна на http://www.euba.edu.mk) и пратете ја на contact@euba.edu.mk
Рокот за аплицирање е до 05 Септември, 2014 година.
Пријавените кандидати ќе бидат информирани за резултатите од изборот на учесници најдоцна до 10 септември, 2014 година.
Доколку имате било какви прашања во врска со летната школа, контактирајте го Роберт Јанев во канцеларијата на фондацијата Конрад Аденауер на тел. 02/ 323 11 22 или по меил на Robert.Janev@kas.de.