Генералниот секретаријат – Одделение за соработка со невладини организации на 18.11.2014 година (вторник) од 10:00 до 11:30 часот, во Дебатната сала на Владата на Република Македонија, организира консултативна средба со граѓанскиот сектор во врска со целите на програмата и приоритетните области од грантовата шема „Понатамошен развој и финансиска одржливост на граѓанското општество“, финансирана од ИПА ТАИБ 2011.
Заинтересираните здруженија и фондации потребно е да достават потврда за учество на овој настан најдоцна до 14.11.2014 година (петок) до 12:00 часот, на следната меил адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk со следните податоци: име, презиме и број на лична карта на учесникот.