Kонсултативен процес на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – Одделение за соработка со невладини организации

Согласно Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017), Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – Одделение за соработка со невладини организации преку интернет страницата на Одделението www.nvosorabotka.gov.mk започнa консултативен процес по два особено важни акти и тоа:

  • Предлог-одлука за формирање на Совет за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор и
  • Предлог-одлука за условите за распределба и користење на средствата од Буџетот на Република Македонија наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации

Граѓанските организации можат своите мислења и предлози по текстот на предлог-одлуките да ги достават преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk најдоцна до 20.12.2014 година.

Advertisement