Министерството за локална самоуправа со цел да обезбеди што повеќе информации за проекти кои што се имплементираат од страна на граѓанскиот сектор и кои што придонесуваат кон поголема отвореност на локално ниво (пристап до информации, транспарентност, одговорност, отчетност, спречување на корупција, подобар пристап до јавни услуги, е-услуги и др.), спроведува анкета со цел да се добијат информации за активности кои придонесуваат за остварување на Приоритетот 6 – Отвореност на локално ниво од Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2014-2016.
Пополнетиот анкетен прашалник потребно е да се достави по маил на адреса mls.informacii@gmail.com. Лице за контакт е Ели Чакар, Министерство за локална самоуправа, тел. 071 226 415. Рокот за доставување на прашалникот е 21.01.2015 година до 12.00 часот.