Град Скопје – Јавен повик за финансирање програмски активности на здруженија и фондации

Град Скопје објави Јавен повик за финансирање програмски активности на здруженија и фондации. Распределбата на средствата од Буџетот на Град Скопје за 2015 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно со Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации („Службен весник на РМ”, бр. 130/07), а врз основа на Програмите за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита; образование и соработка со здруженија и фондации во град Скопје за 2015 година и врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

I. Области на проекти кои ќе бидат поддржани:

1) Финансиска поддршка на проекти од областа на социјална, детска и здравствена заштита

а) Унапредување на човековите права, еднакви можности, родова рамноправност, поттикнување и развој на лични и општествени вредности,
б) Унапредување на здравствената заштита и промовирање здрави стилови на живеење,
в) Поддршка на центрите за рехабилитација, ресоцијализација и програми за социјално вклучување за лицата кои употребуваат дроги и
г) Поддршка на програмите за примарна превенција од употреба на дроги.

2) Финансиска поддршка на проекти од областа на

а) Унапредување на безбедноста во училиштето и спречување на училишното насилство (промоција на партиципативен пристап во справувањето со насилството и унапредувањето на безбедноста и овозможување континуитет на повеќегодишната работа на училиштата на ова поле);
б) Унапредување на здравјето на учениците и животната средина (унапредување на соработката и поврзаноста меѓу наставниците, учениците, експертите од областа на здравјето и животната средина и јавните претпријатија во акции за континуирано разубавување на животната средина и градење на здрави животни стилови);
в) Истражување и промоција на ученичките права, слободи и различности;
г) Организирање манифестации, културно-уметнички настани и паради за средношколците коишто завршуваат средно образование и промоција на најдобрите матуранти од средните училишта на градот.

3) Финансиска поддршка на проекти за програмски активности на здруженија и фондации од интерес на Град Скопје

а) Градење на капацитетите на здруженија на граѓани за подготовка на проекти согласно со програмите на Европската унија,
б) Подигнување на свеста и поддршка на иницијативи за социјално претприемништво кај граѓанските организации,
в) Поддршка на активно учество во регионални иницијативи, проекти и проекти од Европските програми,
г) Унапредување на вклученоста на граѓанските организации во спроведување на активностите на градската администрација во согласност со нивниот ресор и учество во процесите на креирање политика и донесување одлуки и
д) Поддршка на програми за младинско волонтерство.

4) Финансиска поддршка на манифестации на здруженија и фондации од интерес на Град Скопје

а) Промоција на здрави животни навики кај младите.
б) Ден на здруженија и фондации (НВО Саем).

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондации кои учествуваат на овој повик се:

• Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации со седиште во Скопје;
• Да не добиле средства или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности.

Покрај Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации која треба да биде пополнета (со печатни букви во кирилско писмо), потпишана од застапникот на здружението или фондацијата и заверена со печат на здружението или фондацијата, здружението или фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:

– Статут на здружението или фондацијата;
– Фотокопија од решението за регистрација на здружението или фондацијата;
– Компјутерски пополнет Образец за Предлог-проект;
– Извештај за добиените средства од Буџетот на Град Скопје во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација (доколку организацијата била корисник на средства доделени од Буџетот на Град Скопје за 2014 година);
– Годишен извештај на здружението или фондацијата за 2014 година;
– Фотокопија од завршната сметка за 2014 година;
– Уверение за платени даноци издадено од даночните органи.

Придружна документација

Здруженијата и фондациите во прилог треба да ја достават и следнава придружна документација:
– професионална биографија на стручните лица кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот,
– референтна листа или доказ (на пример: потпишан договор) за најмалку 2 проекти реализирани во областа за која се аплицира,
– најмалку две мислења/референци од партнери или донатори за реализација на претходни проекти, и
– писмена поддршка од други организации или институции за кои е планирано да земат учество во реализацијата на проектот.

Здруженијата на граѓани и фондации можат да поднесат само една пријава за финансиска поддршка за проект или манифестација.

Период на реализација на проектите март – декември 2015.

Рок за поднесување на пријавите е до 13.02.2015 година до 15 часот.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, во затворен плик на адреса: Град Скопје, Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации , бул. „Илинден“ бр.82 , 1000 Скопје преку архивата на Град Скопје до 15 часот (со назнака – Пријава за јавен повик, област на проект 1,2,3 или 4).

Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации и Образецот за Предлог – проект, се достапни во просториите на Град Скопје, Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации и на интернет страната на Град Скопје http://www.skopje.gov.mk и http://www.skopje.gov.mk/nvo.

Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по електронски пат до Одделението за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации.

Контакти:
Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации, тел: (02) 3 207 525, е – маил адреса: saranda.bekiri@skopje.gov.mk.

Одделение за социјална, детска и здравствена заштита, тел: 02/ 3297 321; е- маил адреса: natasam@skopje.gov.mk.

Сектор за образование, тел: (02) 3297-319, e-маил адреса: аksandrad@skopje.gov.mk.

Advertisement