Прегледна база на податоци на конфликти во светот

Институтот за меѓународна социологија од Гориција (ISIG), Италија на својата интернет страница ја објави својата опсерваторија на конфликти која содржи база на податоци на конфликти (четвртото издание, ажурирано на крајот на 2014 година); истата се појави во рана верзија во книгата “Современата вооружени конфликти. Кои решенија”, трудови Futuribili n.15. Второто издание – ажурирано во 2010 година – се појави во списанието на институтот ISIG, том XX, бр.. 3, 2011. Третото издание може да се превземе директно од интернет страницата http://isig.it/ricerche/dbase-conflitti-armati/.
Во иднина, се очекува годишно ажурирање на базата на податоци. Опсерваторијата е поделена во пет дела – еден за секоја од следниве географски региони: Западна, Источна Европа, Африка, Блискиот Исток, Азија – кои содржат преглед на поединечни конфликти.

Секој дел има географска карта, социолошки преглед на главните културни групи, хронологија на настаните (насилни или на друг начин) на конфликтите, и акцент на различни начини на решавање на секој конфликт. Опсерваторијата е наменета за студенти, меѓународните преговарачи и медијатори.

Институтот е партнер и поддржувач на работата на Центарот уште од самиот почеток, и доколку сте заинтересирани поддетално за нивната база на податоци слободно контактирајте не на info@centercrcd.org

Advertisement