Практикантска работа во Македонското Здружение на Млади Правници

МЗМП спроведува практикантската програма во соработка со своите партнери – Судовите во Република Македонија, Здружението на јавните обвинители, Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација и индивидуални адвокатски канцеларии. Програмата предвидува секој учесник да помине два месеци практикантска работа во две различни институции (изборот на институцијата го определува проектниот тим).

Програмата ќе се спроведува во периодот од март 2015 година заклучно со септември 2017 година. Во периодот од март до јуни 2015 година програмата ќе се спроведува во градовите: Скопје, Битола, Штип и Тетово.

Истовремено, за учесниците во програмата ќе се организираат основни и напредни обуки од областа за човекови права, за што ќе бидат ангажирани домашни и странски предавачи.

Услови за поднесување апликација:

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:
– Завршени три години од студии по право (180 кредити);
– Интерес во областа на човекови права;
– Основни познавања од областа на заштита на човекови права;
(Пожелно) познавање на англиски јазик;
– Обврска за учество во целокупното траење на циклусот од два месеци практикантво.

За да се пријавите испратете го своето резиме/CV и мотивационо писмо (најмногу една страна) на електронската адреса: contact@myla.org.mk или на ул. Златко Шнајдер 4А/1-3, 1000 Скопје, најдоцна до понеделник, 16ти февруари 2015 година.

Advertisement