Центарот за истражување, меѓугранична соработка и развој и се придружи на иницијативата на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество за промена на постапката за избор на членови на Советот од редот на граѓанскиот сектор и избор на претседател на Советот во предлог-Одлука за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор. Барањето беше доставено до Генералниот секретар на Влада на Република Македонија Г-н Кирил Божиновски и Одделението за соработка со невладини организации при Генерален секретаријат – Влада на Република Македонија. Истото е поддржано 75 организации, меѓу кои: здруженија на граѓани и фондации од различни области на делување, коалиции на здруженија на граѓани и меѓународната организација Affinity Group of National Associations (AGNA) која здружува 58 национални асоцијации кои се борат за развојот на граѓанското општество низ целиот свет. Испратеното писмо може да го погледнете на следниот линк.