ЦИСР на Информативната средба за социјално претприемништво

Центарот за истражување, меѓугранична соработка и развој преку својот претставник м-р Деспина Циковска, на 26.02.2015 година беше дел од Информативната средба за социјално претприемништво. Овој настан беше спроведен  и организиран од страна на здружението Конект во соработка со Националниот совет за претприемништво и конкурентност.

Настанот е финансиран од страна на Министерството за економија на РМ, а истиот се одвива во рамки на проектот  Обуки и промоција за развој на социјалното претприемништво.

Место на одржување на оваа информативна средба беше хотелот ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје. Средбата беше организирана во две сесии. Во рамките на првата свое обраќање имаше г-ѓа Никица Кусиникова, извршен директор на здружението Конект која одржа воведно предавање за темата на оваа информативна средба, односно запознавање на учесниците со поимот социјално претприемништво и застапеноста на истото во нашето општество. Потоа следуваше обраќање на гостите предавачи односно претставниците од Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика, г-ѓа Елизабета Тодорова и г-дин Душан Томшиќ. Нивното обраќање се однесуваше на заложбата на овие институции за поттикнување на бизнис заедницата, а воопшто и опшеството да основаат социјални претпријатија.

Г-ѓа Тодорова образложи дека Министерството за економија со доделување на грантови за граѓанскиот сектори и невладините организација за проекти чија цел ќе биде поттикнување на социјалното претприемништво се обидува да допринесе за развој на истото во нашето општество. Додека Министерството за труд и социјална политики со соодветна анализа и истражување се обидува да придонесе за законско регулирање , односно донесување на соодветен закон за оваа проблематика. Ова особено би имало позитивен ефект за обезбедување на добра и услуги за маргинализираните и неразвиените општества, како и да се овозможи вработување на лица од ранливи групи.

За време на втората сесија од оваа информативна средба беше презентирано како социјалното претприемништво функционира во практика кај нас. Имено претставник од Шпаркасе банка , образложи конкретни примери за тоа како оваа банка директно го практикува социјалното претприемништво во своето работење. Праксата на Шпаркасе банка за доделувањето на стипендии,обуки и пракса во Грац за нашите студенти беше еден од примерите кој тие го наведоа во насока за применување на социјалното претриемништво.

Исто така на оваа средба беше и извршниот директор на Паблик “, г-ѓа Климентина Илијевски која говореше за апликативност на европските практики на уличен печат како алатка за социјална инклузија. Имено со изготвувањето и продавање на уличниот весник Лице в лице тие се обидуваат на нов начин да ја доближат културата и уметноста до пошироката популација, а од друга страна шират благородна мисија за економско и социјално засилување на маргинализираните групи во општеството.

По двете сесии овој семинар успешно заврши со дискусија , каде учесниците на оваа средба можеа да постават прашања на предавачите во врска со социјалното претприемништво, а воедно и да споделат искуства и свое мислење на оваа тематика.

Advertisement