Повик за пријавување на обука за отворени податоци

Одличен настан организиран од Метаморфозис:

Ве интересираат отворени податоци? Сакате да научите повеќе за нивната употреба и како тие полека го менуваат светот? Да добиете можност да го спроведете вашиот проект и да споделите искуства со активисти на конференцијата POINT во Сараево?

Пријавете се за обуката која Метаморфозис ја организира во рамки на Академијата за податоци на 18ти и 19ти март оваа година, во ГЕМ клубот во Скопје.

obuka data academy

Тренингот ќе го водат Дона Џамбаска, како последен стипендист на програмата School of Data на Open Knowledge Foundation, заедно со Тин Гебер од The Engine Room. Преку практични вежби и примери ќе имате шанса го проучите целиот процес од употребата на податоци и како тие ќе ви помогнат во реализирање на замислен проект.

Дел од учесниците ќе продолжат со реализација на проект на хакатон кој ќе се случи во мај во Сараево, Босна за време на конференцијата POINT. Патните трошоци и трошоците за сместување за учество на хакатонот ќе бидат покриени од страна на организаторите.

Избраните учесници ќе бидат известени најдоцна до 15ти март.

За пријавување на обуката пополнете го прашалникот  на следниот линк (не подоцна од 12.03.2015).

Advertisements