Уште 17 дена до Часот на планетата Земја! Најголемата светска волонтерска акција го најавува големиот настан на 28 март во 20:30 кога во мрак ќе потонат над 162 земја и 7000 градови, меѓу кои дел е и Македонија. Часот на планетата Земја е најголемата светска волонтерска акција која има за цел да испрати силна порака за спас на планетата Земја. Оваа акција започнува како локален настан во Сиднеј, Австралија во далечната 2007 година, за од тогаш да прерасне во најголемата акција која обединува над 7000 градови и 162 земји ширум светот. Часот на планетата Земја е акција од волонтерски карактер и симболиката во исклучувањето на осветлувањето е да се испрати порака за значајноста на електричната енергија и сериозноста на климатските промени.
ЦИСР со огромно задоволство ќе се вклучи во оваа иницијатива. Вклучете се и вие и исклучете ги светлата!
Повеќе информации за акцијата може да добиете тука.