ЕУ проект: Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области

ЦИСР оваа недела присуствува на обука организирана од страна на здружението ХОПС за ХИВ превенција. Обуката е организирана во рамките на ЕУ проектот Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области.

Овој проект е спроведен преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Косово, и има за цел да придонесе кон одржлива социјална кохезија меѓу Македонија и Косово во областа на превенција на ХИВ и употребата на дроги. Носечки партнери на проектот се ХОПС – Опција за здрав живот Скопје и Медико – психотерапевтски центар Лабиринт од Приштина.


Повеќе информации за проектот се достапни на:

http://www.hops.org.mk

http://www.drughiv.org

Advertisement