Во рамките на проектот “USE-IT MAP OF SKOPJE: иновативна и интерактивна мапа за млади”, Центарот за истражување, меѓугранична соработка и развој (ЦИСР) распишува Повик за спонзорства и донации од страна на приватни ( и приватни угостителски) субјекти во градот Скопје. Основна цел на проектот е да се промовира градот Скопје на млади туристи преку креирање на иновативна мапа на градот Скопје. Се примаат спонзорства и донации до Октомври 2015.
Овие мапи се исклучиво наменети за млади лица и ги презентираат сите оние знаменитости, локали, хостели што би биле привлечни и финансиски прифатливи за младите туристи. За секој објект што ќе биде поставен на мапата, ќе следи соодветно објаснување со информации за објектот, за одредени објекти може да има и препорака од локални млади лица.
Мапата значително ќе придонесе за развој на туризмот во Скопје и особено за поголема посетеност на локалните кафулиња, ресторани, хостели и сл. што не им се толку познати на туристите.
Вие и Вашата фирма би можеле да дадете значителен придонес во креирањето на мапата, односно да дадете одреден финансиски придонес за мапата да може да се презентира на http://www.use-it.travel во Брисел.
Она што Вие ќе го добиете од Вашето спонзорство, ќе биде презентирање на Вашата фирма на мапата со опис или препорака, при што, ќе имате исклучителна можност да ја промовирате Вашата фирма пред младите странски туристи и да ја зголемите посетеноста на странски туристи во Вашиот објект.
Можни се следниве опции за спонзорство, и за секоја е потребен минимум износ на донација (за детали слободно контактирајте не):
1. Поставување на мапата со точка
2. Поставување на мапата со точка и коментар
3. Поставување на мапата со точка, коментар и хајлајт
Превземете го овој документ „Брошура„ , за да можете да дознаете повеќе околу поволностите и можностите кои ви се нудат, доколку се одлучите да бидете дел од нашиот проект.
Проектот се имплементира од страна на следните организации:
Носител на проектот: Меѓународна фондација БалканНет
Партнер: ЦИСР – Центар за истражување, меѓугранична сорабока и развој
Контакт информации:
Марина Андева
andeva@centercrcd.org
или на телефон:
Tel.: +389 2 3298534 (Меѓународна Фондација БалканНет)
Tel.: +389 70 305513