АНКЕТА ЗА СОБИРАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И УПОТРЕБА НА ИСТРАЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ

Истражувачки тим на ИСППИ ги поканува истражувачите вработени на некоја од високообразовните институции, истражувачки институти или НВО/Тинк тенк организации во Р. Македонија да учествуваат во анкета чија цел е да се соберат податоци за истражувачките практики и потреби поврзани со собирање на емпириски податоци, нивното зачувување и употреба за (понатамошна) анализа од страна на истражувачите во Р. Македонија.
Истражувањето се спроведува како дел од меѓународниот проект Сервиси за податоци од општествените науки во Југоисточна Европа (South East European Data Services- SEEDS), координиран од Швајцарскиот центар за експертиза во општествените науки (FORS), чија цел е да се воспостави одржлива инфраструктура за зачувување и секундарна употреба на податоци генерирани од истражувањата во општествените науки во партнерските земји. 

Пополнувањето на анкетата одзема 10-15 минути. За да пристапите до анкетата, кликнете на следната врска:

https://www.serscida.eu/survey/index.php/survey/index/sid/484519/newtest/Y/lang/mk

Повеќе информации за проектот може да добиете на следниве контакти: доц. д-р Анета Цекиќ (anetac@isppi.ukim.edu.mk) и д-р Климе Бабунски (klimeb@isppi.ukim.edu.mk)   

Advertisements