Проектот ТАКСО организира обука на тема “Раководење и спроведување на ЕУ проекти” на 15-17 февруари 2016 година.
Целта на обуката е да се развијат знаења и вештини на граѓанските организации за раководење и спроведување на ЕУ проекти. Обуката е наменета за граѓански организации кои имаат тековен проект финансиран од ЕУ кој се спроведува на национално ниво на територијата на Република Македонија.
Пријавувањето за учество е со пополнување на пријавата која треба да биде доставена на info.mk@tacso.org најдоцна до 1 февруари 2016.