ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТГРАЃАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО: ЗАКОНОДАВНИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

 

Краен рок за пријавување: 15 март 2016

Датуми за селекција: 25 март – потесен круг; 20 април финална селекција

Времетраење на проектот: 01 декември 2015– 30 ноември 2017

 

Информации за проектот

Вестминстер фондација за демократија во партнерство со Високата школа за новинарство и односи со јавноста објавува повик наменет за граѓански организации за учество во 2 годишниот проект. Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на 8 организации за спроведување истражувања, подготовка на документи за јавни политики и застапување на законски промени врз основа на докази, а првенствено преку воспоставување дијалог со собраниските комисии. Активностите ќе резултираат со подобрени капацитети на организациите да влијаат врз промена на таргетираните закони од различни приоритетни области.

Регистрираните здруженија на граѓани, коалиции и мрежи, како и неформалните иницијативи и групи, кои работат на теми од областа на демократијата и човековите права се повикуваат и охрабруваат да аплицираат.

Приоритетни теми

Приоритетни теми на овој проект се: (1) Медиуми и слобода на изразување; (2) Судство; (3) Дискриминација и маргинализирани групи; (4) Животна средина; (5) Образование; (6) Миграција; (7) Социјална заштита; и (8) Здравствена заштита.

 

Аплицирање

Организациите кои сакаат да аплицираат треба да ги пополнат обрасците за “Пријава” и “Буџет”, и да ги испратат на ivana.petkukjeska@wfd.org со наслов на емаилот: “Граѓаните во собранието” заклучно со 15 март 2016г.

 

Целосниот повик и детални информации на http://www.wfd.org/who-we-are/recruitment/macedonia-call-for-csos.aspx  

Advertisements