ИПСОС анкета: капацитети и потреби на граѓанските организации

Ипсос спроведува истражување со цел утврдување на капацитетите и потребите на граѓанските организации/здруженија во Република Македонија, како и утврдување на нивната улога во демократските процеси. Главните цели на овој Проект, насловен како: Техничка помош за организациите на граѓанското општество (Technical Assistance for Civil Society Organizations – TACSO), сe: да го зајакне граѓанското општество и да ја поттикне неговата партиципација во демократските процеси, да стимулира позитивно и охрабрувачко опкружување и култура за граѓанските организации (граѓански здруженија или невладини организации), како и да ги зајакне капацитетите и одговорностите на организациите кои се дел од граѓанското општеството во земјите кориснички на ИПА инструментите за претпристапна помош од ЕУ (т.н. Западен Балкан и Турција) и, секако, да гарантира квалитетни услуги кои на овие организации ќе им пружат структурирана поддршка и одржлива улога во демократското општество.  
Во рамките на ова истражување се спроведува анкета – прашалник достапен на следниот линк: http://cawi.ipsosadria.com/?lng=mkd&code=shkkk11zmb1s2606422

Процесот на анкетирање е потполно анонимен, а сите добиени податоци ќе бидат само групно анализирани и прикажувани, исклучиво за потребите на овој проект.

Advertisements