ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ОД ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Овој повик се однесува на сите граѓански организации во Република Македонија кои имаат интерес да придонесат кон создавање на вистинско партнерство помеѓу граѓанските организации и државните органи во Македонија.
ИПА 2 механизмот кој ја поддржува партиципативната демократија преку соработка на државните органи со граѓанските организации.
Организациите кои ќе изразат интерес ќе имаат можност да:
- учествуваат во секторски консултации и консултации со државните органи и Делегацијата на Европската унија;
- станат добитници на проектен грант преку „IPA2CSO“;
- станат членки на мрежата од 96 организации која го следи програмирањето и искористувањето на средствата од претпристапната помош на ЕУ во Македонија – ИПА 2 механизам;
- учествуваат во националната годишна средба на граѓански организации – членки на ИПА 2 механизмот;
- земат директно учество во изработка на секторски анализи за различни јавни политики;
- пријават свој практикант за програмата на менторство во рамки на проектот;
- учествуваат во јавни дебати и промоции;
- пристапат до информации за текот на проектот.
Начин на изразување интерес:
Заинтересираните организации треба да ја пополнат интернет пријавата дадена во линкот подолу:
https://ipa2cso.typeform.com/to/KAri7a
Акцијата IPA2CSO ја спроведуваат Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Еко-свест, Реактор и Зенит. Акцијата IPA2CSO е финансирана од Европската унија.