ЦИСР член на ИПА 2 Механизмот за граѓанското општество

Центарот за истражување, меѓугранична соработка и развој стана член на ИПА 2 Механизмот на граѓанското општество. 

Организациите кои учествуваат во механизмот делуваат во секторски групи кои имаат свои претставници и заменици претставници, избрани од членките. Избраните претставници го претставуваат Механизмот во консултативните процеси поврзани со претпристапната помош од ЕУ (ИПА 2) и реформските процеси воопшто, во кои се вклучени Владата и Делегацијата на ЕУ. Во последниот циклус на проширување, членството на ИПА 2 механизмот значително се зголеми и сега брои 261 граѓанска организација, од кои 211 се членки. 

ИПА 2 механизмот е поддржан од страна на Европската унија преку проектот ИПА 2 Механизам за граѓанските организации (IPA2CSO) кој се спроведува од страна на Македонскиот центар за европско образование – МЦЕО, Еко-свест, Реактор истражување во проект и Зенит (Грант број IPA / 2015 / 370-964 потпишан од страна на Европската унија и Македонскиот центар за европско образование – МЦЕО).

Advertisement