Во рамките на информативната кампања креирана како пилот проект, ЦИСР е во процес на креирање на Водич за прекугранична соработка како основна алатка која ќе помогне за осознавање на концептот и можностите на прекуграничната соработка. Се започна со подготовка на Водичот во Јули, 2016 година, и неговиот развој и ажурирање е замислен да биде во вид на еден динамичен процес во кои би сакале да ја вклучиме и јавноста со своите идеи и забелешки. Затоа, вашите идеи, и забелешки ве молиме да ги споделите со нас на info@centercrcd.org.
Во текот на вчерашниот ден беа објавени првите страници на Водичот за прекугранична соработка. Можете да ги погледнете тука.
Достапен е и краток преглед на второто поглавје од Водичот за прекугранична соработка посветен на Правната рамка:
Следете не на социјалните мрежи за следните активноти и чекори!
Тимот на ЦИСР