Истражување – Анкета: Меѓугранична соработка и развој

Центарот за истражување, меѓугранична соработка и развој, Скопје во соработка со Институтот за Меѓународна Социологија од Гориција, Италија спроведува истражување за искуствата на институциите, невладиниот сектор, истражувачките институти, малите и средни претпријатија и компании во проекти од прекуграничен карактер. Анкетата е составена од 13 прашања. Спроведуваме истражување за искуствата од прекуграничната соработка на институциите во Република Македонија. Прашалникот е наменет за државните институции (локалната самоуправа), невладиниот сектор и малите и средни претпријатија.

Сите одговори ќе бидат третирани на доверлив начин во согласност со политиката на Центарот за истражување, прекугранична соработка и развој и според Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија. Испитаниците го овластуваат Центарот да ги користи информациите за своите истражувања кои ќе бидат јавно објавени без споменување на имињата на испитаниците.

 

Ви благодариме за подршката и соработката!

 

Тимот на ЦИСР

Advertisement